а 18-19.04.2026 година, во хотелот “Конгресен Центар” во Охрид, во организација на Мобилност Македонија и соорганизација со Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, беше одржано 38. Државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија, на кое настапија 18 натпреварувачи.
По фер и коректна борба, со неколку технички пречки кои беа веднаш корегирани, по одиграни 7 кола со темпо 20 минути по играч, првото место го освои Горан Војновски од Кочани со освоени 6,5 поени, второто Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со освоени 5,5 поени, а третото Даниел Нунески од Охрид со освоени 5 поени, колку што имаше и младиот Александар Стојчески од Скопје но и послаб Бухолц.
Средства за одржување на оваа програмска активност се обезбедени од Министерство за социјална политика, демографија и млади.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР НА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО НИШ, СРБИЈА
МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК СИЛЕКС, ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ТРАЈЧЕВ