На 15 и 16 април 2026 година, партнерите во проектот „Volunteering for Inclusion and Empowerment with Sports“ (VIEWS) финансиран од страна на Erasmus+, во кој Параолимпискиот комитет на Северна Македонија е партнер организација, се сретнаа во Даблин, Ирска, на третиот транснационален партнерски состанок.
Партнерите разговараа за напредокот на проектот и за следните чекори во креирањето на Пакетот за почетници и Тренинг курс за клубови/организации, кои ќе помогнат да се создадат подостапни волонтерски можности во областа на спортот.
Во рамки на состанокот, партнерите имаа можност да го посетат Центарот за рекреација и базен „St. Michael’s House“, каде што се запознаа со начинoт на организација на истиот.
VIEWS има за цел иновација преку фокус на интеграција и зајакнување на улогата на лицата со попреченост преку спортско волонтерство — област која сè уште е во голема мера недоволно истражена во постојните спортски и волонтерски програми.
Повеќе за проектот VIEWS: www.views-eu.org


Поврзани објави
ФЕР ИГРА: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
ПОКАНА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИК
Втор информативен билтен за VIEWS