fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА

Во Струга, на ден 14.06.2026 година, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија, беа одржани првото и второто коло од лигата во пинг – понг за лица со инвалидност.
Следните , трето и четврто коло ќе се одиграат на 27.06.2026 година во Кавадарци.
НАПОМЕНА:
При составувањето на табелата во текот на одигрувањето на сите кола во случај на ист број бодови предност има екипата која има подобра сет разлика. Додека на конечната табела после завршувањето на десеттото коло доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, за подобра екипа се смета онаа екипа која има подобра сет разлика од меѓусебните дуели а по потреба се сметаат и вкупните поени.