Во Кавадарци, на ден 27.06.2026 година, во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија и Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Кавадарци беа одржани третото и четвртото коло од лигата во пинг – понг за лица со инвалидност.
Во прилог се постигнатите резултати и моменталната табела после одиграни 4 кола.
Следните , петто и шесто коло ќе се одиграат на есен а домаќинот ќе биде благовремено определен.
На есен, во петтото коло се среќаваат засега двете најдобри екипи КСРИ-Прилеп и КСРИ Куманово
НАПОМЕНА:
При составувањето на табелата во текот на одигрувањето на сите кола во случај на ист број бодови предност има екипата која има подобра сет разлика. Додека на конечната табела после завршувањето на десеттото коло доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, за подобра екипа се смета онаа екипа која има подобра сет разлика од меѓусебните дуели а по потреба се сметаат и вкупните поени.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО СТРЕЛАШТВО ПАРА СПОРТ 2026