fsrim.org.mk

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПОКАНА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИК

Националната федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија во текот на изминатата година започна со спроведување на Erasmus+ Sport проектот “Волонтирањето како алатка за инклузија и јакнење преку спорт(VIEWS)”, кој се спроведува со европски партнери и е насочен кон унапредување на инклузивното волонтирање во спортот, со посебен фокус на вклучување на лица со попреченост како активни волонтери во регуларни спортски настани и клубови.
VIEWS се темели на идејата дека спортските клубови и организации можат да станат поотворени, попријателски и подостапни средини, ако имаат практични знаења, јасни процедури, соодветна припрема и корисни алатки за работа со различни профили на волонтери, вклучително и волонтери со попреченост. Проектот се стреми за:
  • јакнење на капацитетите на спортските организации да регрутираат, воведуваат (onboarding), поддржуваат и задржуваат волонтери со попреченост;
  • подобрување на пристапноста и организациските практики преку конкретни ресурси и алатки;
  • градење култура на инклузија каде што волонтерството се гледа како можност за учество, придонес и личен развој, а не како бариера.

Во рамки на проектот е планирано развивање на следните практични материјали директно наменети за спортски клубови/организации:
  • Starter Kit за клубови и организации, кој ќе вклучува „алатки за пристапност“ дополнети со чек-листи, шаблони и ресурси за самопроценка и подобрување на пристапноста за самите клубови;
  • онлајн тренинг курс (10 модули/~40 часа) наменет за спортски клубови и организации, кој што ќе нуди можност за самооценување, како и сертификат за учесниците.
Во рамки на активностите за подготвување на овие документи спроведуваме собирање на податоци од спортски клубови за нивното искуство во работа/ангажирање волонтери со попреченост (или причините зошто до сега немале такво искуство). Овие информации се клучни за да ги дизајнираме ресурсите така што ќе бидат реално применливи и корисни за клубовите во Македонија.
За таа цел Ве покануваме да пополните краток Google Form прашалник кој што би Ви одзел околу 7–10 минути.

Важно:
  • Пополнувањето е целосно анонимно.
  • Нема погрешни одговори – целта е да разбереме реални искуства, предизвици и потреби (вклучително и ако немате претходно искуство).
  • Податоците ќе се користат само во агрегирана (сумирана) форма за потребите на развој на алатки и обуки.
Рок за пополнување: 10.02.2026 година
Дополнително, кон крајот на февруари планираме работна средба/состанок со заинтересирани клубови, каде што со тие што ќе сакаат ќе можеме подетално да разговараме за прашањата поврзани со инклузивното волонтерство и искуството/потребите во работа со волонтери со попреченост. Точниот датум, формат и агенда ќе ги споделиме дополнително и навремено.
Доколку имате прашања, или сакате да споделите подетално искуство (пример/случај), слободно контактирајте нè:

Контакт лице: Ангел Стаменковски
Е-пошта: views.fsrim@gmail.com | Тел: 070/458-423

Ви благодариме однапред за Вашето време и придонес.
Со Вашите одговори директно помагате да создадеме практични и применливи алатки што ќе им помогнат на спортските клубови да станат поинклузивни.
Со почит,
Ангел Стаменковски
Проектен Асистент
VIEWS Проект
Тел. 070/458-423