На 05.06.2024 година во Гранада се одржа последната пиштолска дисциплина на Европското првенство, П4-Пиштол слободен избот 50 метри.
Оливера постојано беше меѓу осумте најдобри, очекувавме влез во финале, меѓутоа во третата серија имаше два лоши истрели (4 и 5), и потоа цело време се движеше на осмото и деветтото место, за да на крај сепак го освои деветото место. Таа за прв пат настапи со новиот пиштол (како и Александар) па можеби и тоа е дел од резултатот, но секако стои и фактот дека и двајцата стрелци годинава за прв пат настапуваат на меѓународен натпревар.
Александар имаше преголема желба да се впушти во борбата за последната квота за Париз 2024, меѓутоа работите на почетокот на натпреварот не одеа како посакувавме, имаше премногу киксеви во првата серија. Подоцна се подобри, меѓутоа беше предалеку од потребниот резултат.
Како и да е, успешен настап на спортистите, уште едно добро искуство, одиме понатаму, патот до Париз 2024 е уште долг

Поврзани објави
ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ И ДЕФИНИТИВНО Е УЧЕСНИК НА ЗИМСКИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ МИЛАНО КОРТИНА 2026
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност