Македонската репрезентација во пара пинг понг во состав: Страшко Коцевски (играч и селектор), Рубинчо Ристески, Марјан Зафировски и Игорчо Постолов, од 07-09.06.2024 година настапија на меѓународниот турнир “Varna Seagull Cup”кој се одржа во Варна, Бугарија. На натпреварот учествуваа 35 пингпонгари од: Романија, Србија, Црна Гора, Македонија и Бугарија.
Најдобар успех од нашите натпреварувачи оствари Игорчо Постолов, кој во класа 6, го освои првото место и златниот медал, пред Милијана Ќирковиќ и Ѓуро Кривокапиќ од Црна Гора кои ги освоија второто и третото место.
Марјан Зафировски во класа 7 го освои третото место и бронзениот медал . Во оваа категорија првото место го освои Милан Антиќ од Србија, додека второто Пјетро Палушевиќ од Црна Гора.
Страшко Коцевски во класа 10, и Рубинчо Ристески во класа 8, не ги поминаа групите и не се пласираа во натамошните борби во разигрување за медалите.
Во натпреварите во двојки, кои беа од елиминациски карактер, нашите спортисти Рубинчо Ристески и Марјан Зафировски беа елиминирани уште во првото коло од црногорската двојка Пјетро Палушевиќ и Ѓуро Кривокапиќ, а Игорчо Постолов требаше да настапи со еден играч од Романија, меѓутоа од нему познати причини не се појави на натпреварот.

Поврзани објави
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ПРВО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ШАХ “СЕМИЧ 2026”