НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ЗАВРШНИ ПОДГОТОВКИ ПРЕД ЗАМИНУВАЊЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО

Македонската репрезентација во стрелаштво пара спорт ги завршува подготовките пред заминување на Европското првенство во Гранада, Шпанија 30.05-07.06.2024.
На Европското првенство, Александар Јовановски ќе се бори за освојување на една, од преостанатите две квоти во дисциплината 50 метри Пиштол слободен избор, за учество на Параолимписките игри во Париз 2024.
За Оливера Наковска Бикова, овој натпревар е од престижен карактер, можност да освои уште една титула во нејзината богата колекција на трофеи, но и добар тест пред учество на Параолимписките игри во Париз 2024.
А за мене, уште еден тренерски напорен настан, на кој ќе се обидам да го извлечам најдоброто од нив на натпреварите на кои ќе настапат и заедно да ја постигнеме целта, се надевам успешно.