ЗА ВОЛЈА НА ВИСТИНАТА, СЕ ОВРАЌАМЕ ДО СИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА СПОРТОТ, ВО ВРСКА СО СВЕЧЕНОТО ОТВАРАЊЕ НА ПОИ ПАРИЗ 2024
Македонскиот параолимписки тим се наоѓа во Франција, поточно во градот Шатеру (270км оддалечен од Париз), каде од утре започнуваат борбите во стрелаштво на нашата единствена спортистка на игрите, Оливера Наковска Бикова.
Според протоколот на отварање на игрите во Париз, нашиот параолимписки комитет доби максимално 3 места за марширање зад знамето на Македонија. Но не беше се така едноставно и лесно за спортистите кои се сместени во Шатеру.
На денот на отварањето, 28 Август, учесниците на настанот со автобус од Шатеру во 08:00 часот заминаа за Париз во олимпиското село, каде пристигнаа во 13:00. Потоа следуваше обавување на формалности во селото, а во 17:00 часот заминување на делегациите до плоштадот Конкордија, па стоење (чекање) три сати, за да во 20:00 започне церемонијата, која спектакуларно заврши на полноќ, по што следуваше двочасовно враќање на учесниците во олимпиското село во Париз да поспијат неколку часа, а дури утредента сабајлето во 09:00 и враќање за Шатеру, каде автобусите пристигнаа во попладневните часови.
Тоа ќе беше премногу напорно за нашата спортистка, и не само за неа бидејќи 90% од спортистите во стрелаштво останаа во Шатеру, и губење на можност за тренинг два дена, така да тимот донесе одлука на церемонијата на Отварање на игрите трите доделени места за марширање да ги користат: Драган Дојчиноски – Шеф на мисија, д-р Елвис Алексовски и Африм Јашари, нашето параолимписко аташе.
Знамето на нашата држава мораше да го носи волонтер и никој друг, оти такви се пропозициите во случај ниеден спортист да не учествува во дефилето, а зад знамето маршираа Драган и д-р Елвис, бидејќи аташето Африм Јашари сакаше на тимот да му се придружи на самиот плоштад, меѓутоа обезбедувањето не го дозволи тоа и поред сите наши настојувања.
Овој текст го објавуваме заради вистинито и праведно информирање на јавноста, особено по објавениот неприкладен текст од порталот Независен.мк кој не се ни потруди пред да го објави текстот да не контактира и да му ги објасниме зошто волонтер го носел знамето, кој марширал зад него и какви се правилата и пропозициите на Меѓународниот параолимписки комитет во ваков случај.
И за на крај, ДА, волонтер гордо го вееше македонското знаме, а дел од нашата делегација гордо маршираше зад него, и што е тука сензационално!!!?
Да и посакаме успешен настап на нашата спортистка Оливера Наковска Бикова, да ја поддржиме максимално гордо да ги брани боите и симболите на Македонија, впрочем како и многупати до сега, а вие (дел од порталите) барајте сензационални вести на друго место.
https://www.facebook.com/branimir.jovanovski/videos/8107087472700218?idorvanity=1339160506171524
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ