НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ПРОТОКОЛ ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД „ COVID-19 „ ПРИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА НАТПРЕВАРИ ВО СТРЕЛАШТВО ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА НФСРИСМ-ПКСМ

1. Просторно организациски услови на објектите
Тренажниот процес, припремите и натпреварите ќе се одржуваат во спортски објекти во кои се обезбедени сите санитарно хигиенски и сигуроносни услови согласно пропишаните и важечки препораки и протоколи од надлежните и одговорни институции во насока на спречување на ширење на КОВИД-19.
2. Средства за дезинфекција
На влезовите, помошните простории и приод кон стрелачките места во сите спортски објекти (стрелани), да има поставено средства за дезинфекција на раце и нозе на база на алкохол со концентрација не помала од 70% или други заменски средства безбедни за надворешна употреба со декларирани биоцидни и вируцидни својства.
3. Евиденција на присутни
За секој тренинг, подготовки или натпревар, потребно е да се воспостави систем за водење на евиденција на присутни (тренери, натпреварувачи, судии, технички персонал…) заради полесно епидемиолошко пратење на контактите во случај да се појави зараза со вирусот КОВИД-19. Евиденцијата мора да содржи име и презиме, телефонски број, и време на доаѓање и напуштање на просторијата.
4. Мерење на телесна температура и појава на симптоми
Пред влезот во спортските објекти задолжително е мерење на телесна температура со безконтактен топломер на сите лица кои ќе пристапат во просторијата. Доколку се појави било каков симптом (покачена температура над 37ºC, треска, кашлица или отежнато дишење) кој што укажува на заболување со КОВИД-19, лицето нема да се пушти во спортскиот објект, а лицето со симптоми се упатува на лекар и се контактираат епидемиолошките служби за понатамошни насоки.
5. Фрлање на отпад
Организаторите на тренинзите, подготовките или натпреварите, се должни да обезбедат затворени со капак корпи за отпадоци во кои ќе се фрла отпадот и истиот по завршување на тренингот, подготовките или натпреварот ќе се фрли во најлонски кеси.
6. Хигиена, чистење, дезинфекција и одржување на заеднички простории
Просториите во спортските објекти треба редовно и често да се дезинфицираат со средства за дезинфекција на база на алкохол со концентрација не помала од 70% или други заменски средства. Дезинфекцијата треба да се направи пред и после завршувањето на тренингот или натпреварот. Дополнително, потребна е и задолжителна дезинфекција пред, за време на пауза, или по завршување на тренинг/натпревар, на сите површини кои често се допираат (пултови пред стрелците, апаратите за пренос на мети и сл.). Просториите доколку е можно потребно е често да се проветруваат. Употреба на климатизација е забранета. По завршување на тренинг/натпревар, опремата и реквизитите се дезинфицираат со средства за дезинфекција на база на алкохол со концентрација не помала од 70% или други заменски средства.
7. Користење на туш кабини и соблекувални е забранета
8. План и распоред
Тренинзите, подготовките и натпреварите можат да се одржуваат согласно претходно утврден распоред и план и тоа:
· Организаторите се должни да изготват поединечен распоред и план за одржување на тренинзи, подготовки или натпревари;
· Организаторите на тренинзи, подготовки или натпревари треба да обезбедат временска разлика од најмалку 30 минути помеѓу две групи на стрелци;
· Организаторите на тренинзи, подготовки или натпревари треба пред, за време и после секоја група на стрелци да направат дезинфекција на сите површини кои се допираат;
· За време на тренинзи, подготовки или натпревари, во просториите за натпреварување дозволено е присуство само на судии, тренер и спортисти натпреварувачи со запазена дистанца од 2 метри. Се препорачува принципот „ист спортист со ист тренер“;
· Организаторите на тренинзи, подготовки или натпревари треба да обезбедат растојание од 2 метри на линијата на стрелање помеѓу двајца стрелци (пример: на стрелиште со 10 стрелачки места натпреваруваат 5 стрелци, односно секој нареден преку едно стрелачко место).
9. Користење на заштитна опрема
Сите лица кои ќе бидат присутни на стрелиштето задолжително е да користат заштитна опрема (заштитна маска, шал, марама или визири). Доколку не се почитува оваа мерка, лицето-та ќе бидат отстранети од стрелиштето од страна на одговорното лице и редарската служба.
10. Одговорно лице
Одговорните на стрелиштата каде се одржуваат тренинзи, подготовки или натпревари или организаторите на настаните, должни се да назначат одговорно лице за спроведување и пратење на овој протокол, како и останатите мерки и прописи донесени од Владата на РС Македонија.