На 06.10.2024 година, на стрелиштето Бејбунар во Охрид, беше одржано државно првенство во стрелаштво со воздушно оружје за 2024 година во организација на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, а со финансиска поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Министерството за спорт.
На првенството настапија 21 спортисти во 4 спортски категории.
Медалите ги освоија:
Воздушен пиштол телесни:
1. Оливера Наковска Бикова – Битола, 549 кругови;
2. Ванчо Каранфилов – Скопје, 536 кругови;
3. Небојша Пејоски – Струга, 490 кругови.
Воздушен пиштол глуви:
1. Даниел Михајловиќ – Скопје, 532 кругови;
2. Светлан Седмаков – Скопје, 530 кругови
3. Антонио Златковски – Скопје, 419 кругови.
Воздушна пушка телесни:
1. Новча Тодоровски – Куманово, 329 кругови;
2. Мендо Дивјаковски – Битола, 300 кругови;
3. Елизабета Тодотовска – Куманово, 288 кругови.
Воздушна пушка глуви:
1. Даниел Михахловиќ – Скопје, 264 кругови;
2. Светлан Седмаков – Скопје, 261 круг;
3. Бурхан Махмудовски – Куманово, 208 кругови.
Судии на натпреварот беа: Валентина Гоџовска и Бранимир Јовановски, организација, Драган Дојчиноски.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ