НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ОДБЕЛЕЖАНИ 15. ГОДИНИ ОД МЕЃУНАРОДНОТО ПРИЗНАВАЊЕ НА ПАРАОЛИМПИСКИОТ КОМИТЕТ НА ЦРНА ГОРА

На 22.11.2024 година во хотелот “Рамада” во Подгорица, во пригодна прослава со присуство на голем број на спортисти, спортски работници, спонзори, политичари, претседатели на параолимписките комитети од регионот и гости, беа одбележани првите 15. Години од меѓународното признавање на Параолимпискиот комитет на Црна Гора.
Благодарност до претседателот на ПКЦГ, Игор Томиќ, за поканата за учество на настанот, како и честитки за прекрасната организација на настанот, но пред се на успешното водење на комитетот во претходните години градејќи институционална препознатливост на ПКЦГ, со финансиска поддршка и стабилност.