НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2024”

На 30.11.2024 година, во чест на одбележување на 3.Декември – Меѓународениот ден на лицата со инвалидност, Сојузот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со финансиска поддршка од Општински Сојуз на спортови Куманово и Националната федерација Спорт за сите, и со техничка поддршка од Гимназијата ” Гоце Делчев” Куманово (која отстапи простор за игра) и Понгпонгарскиот клуб Куманово (кои стручно го спроведоа натпреварот под раководство на тренерот Мики Трендафиловски), одржа меѓународен турнир во пинг понг со учество на 18 натпреварувачи од Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија.
Во категоријата мажи класа 6-8, првото место го освои Урош Гугољ од Црна Гора, второто Јордан Митев од Бугарија и третото Рубинчо Ристески од Македонија.
Во категоријата мажи класи 9-10, првото место го освои Дејан Башановиќ од Црна Гора, второто Дарио Стошиќ од Србија и третото Небојша Стојановиќ од Србија.
Настанот се спроведе во фер и коректна игра, а заврши со заеднички ручек и дружење на учесниците, нивните асистенти, тренери и организатори во ресторанот “Дома” во Куманово.
Благодарност до спонзорите и донаторите на овој, за нас величествен настан, кој придонесува за инклузија на лицата со инвалидност во општеството, преку спорт.