НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ “КАВАДАРЦИ 2024” INTERNATIONAL WHEELCHAIR BASKETBALL TOURNAMENT – KAVADARCI 2024

Од 24-26.05.2024 година, за првпат во нашата држава, во Кавадарци, се одржа меѓународен турнир во кошарка во колички, на кој учествуваа екипите на: WBC Nais од Ниш, Србија Panseraikos од Серес, Грција и екипата на домаќинот WB Macedonia, од Македонија.
Резултати:
-WBC Nais од Ниш, Nis – Panseraikos Seres 55:36
-WB Macedonia- Panseraikos Seres 38:47
-WB Macedonia- WBC Nais Nis 27:46
По одигрување на натпреварите, редоследот на екипите беше следниот:
1. место: WBC NAIS од Ниш, Србија;
2. место: PANSERAIKOS од Серес, Грција;
3. место: WB MACEDONIA
Параолимпискиот комитет на Северна Македонија им искажува голема благодарност на организаторите, спонзорите, подржувачите и учесниците на турнирот.