НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Гранада – Шпанија: ДИСЦИПЛИНА СПОРТ ПИШТОЛ 25М, ОЛИВЕРА ГО ОСВОИ 12. МЕСТО

Само 2 круга ја делеа Оливера од пласман во финалето на Европското првенство во Гранада во дисциплината П3-Спорт пиштол 25 метри. Со резултат од 556 кругови го освои конечното 12. место.
Утре во 9:00 Оливера и Александар настапуваат во дисциплината П6-Микс тим 10метри, а подоцна во 12:00 најнапред Александар настапува во дисциплината П1-Воздушен пиштол 10м. , а подоцна и Оливера во истата дисциплина П2 во конкуренција на жени.