НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Државно првенство во шах 2016

Државно првенство во шах 2016

На 01-02.10.2016 година во хотел Галеб во Струга се одржа 28-то државно првенство во шах за лица со телесен инвалидитет во организација на Мобилност Македонија, и соорганизација на Македонскиот параолимписки комитет, на кое настапија 23 натпреварувачи.
Согласно пропозициите се играа 8 кола швајцарски систем со темпо на игра од триесет минути по играч.

По осум кола кои се играа во два дена, првото место со освоени 7 поени го освои Мирослав Бучевски од Скопје, второто Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со освоени 6,5 поени и третото Горан Војновски од Кочани со освоени 5,5 поени. Директен пласман за идното првенство, поред тројцата првоплсирани, освоија и: Неби Адем, Филипов Љупчо, Даниел Нуневски, Билал Биберовиќ, Изети Зекирија,Димитар Цафовски и Хакија Мекиќ.
Исто така согласно пропозициите, за следното првенство последните пет натпреварувачи немаат право на настап и тоа: Слободан Димоски, Благоја Симоновски, Коле Андонов, Илија Георгиев и Благој Стојков.
Судии на натпреварот беа Драган Дојчиноски и Тони Пајдаков.