На 04.12.2022 година во Подгорица, за време на одржување на Меѓународниот турнир во пинг понг „Подгорица 2022“, беше одржан состанок помеѓу претседателите на Параолимписките комитети на Црна Гора и Северна Македонија, Игор Томиќ и Бранимир Јовановски.
Разменивме идеи за натамошно унапредување на спортот на лицата со инвалидност во двете држави, како и за можностите за проширување на соработката меѓу двата комитети.
Очекуваме идната година Параолимпискиот комитет на Северна Македонија да организира конференција на ниво на претседатели и генерални секретари на Параолимписките комитети на државите од регионот, на која ќе се дискутира за правата и бенефициите на спортистите со инвалидност, како и за моделите на финансирање на Параолимписките комитети и генерално на спортот на лицата со инвалидност во државите од регионот.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ