На 26.12.2011 година во Универзалната сала во Скопје во организација на Агенцијата за млади и спорт и Сојузот на спортски федерации на Република Македонија се одржа спектакуларната спортска манифестација ”СПОРТИСТИ НА ГОДИНАТА 2011”. На манифестација се доделија награди за најуспешните од македонскиот спорт кои ја одбележаа 2011 година:
- Спортист на годината – Перо Антиќ
- Спортистка на годината – Наташа Илиевска
- Млад спортист на годината – Давид Бабунски
- Млада спортистка на годината – Моника Стефановска
- Најуспешен спортист во странство – Кире Лазаров
- Најуспешна машка репрезентација – Кошаркарска репрезентација
- Најуспешна женска репрезентација – Ракометна репрезентација
- Најуспешен спортист со инвалидитет – Андреј Стојаноски
- Најуспешен тренер-селектор – Марин Докузовски
- Најуспешна спортска федерација – Кошаркарска федерација
Во конкуренција за Најуспешен спортист со инвалидитет од спортските новинари и стручни лица во потесниот круг за избор беа предложени: Оливера Наковска-Бикова која освои сребрен медал на Светскиот куп во стрелаштво во Сиднеј, Бранимир Јовановски кој го освои 4-то и 5-то место на Светскиот куп во стрелаштво во Сиднеј и Андреј Стојановски, спортист со оштетен слух кој освои 7-мо и 8-мо место на Светско првенство во пливање. Изборот падна на Андреј Стојановски и ние му ја честитаме титулата за 2011 година.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ