НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

Доделени стипендии на 13 млади спортисти

Во рамките на одлуката на Владата на Република Македонија за стипендирање на 500 млади и надежни спортисти, ФСРИМ-МПК се избори тринаесет млади спортисти со инвалидност во наредната година да примаат спортска стипендија во износ од 20% од просечната месечна плата во РМ.

За разлика од минатата година кога имавме петнаесет стипендисти, оваа година имаме тринаесет заради тоа што одлучивме да отстапиме две места на Спортската федерација на глуви на РМ. Хуман гест кој го правиме како исклучок со напомена дека идната година ќе инсистираме бројката на стипендисти на ФСРИМ-МПК да се врати на старото ниво, па дури и да се зголеми со оглед на тоа дека се работи за спортска федерација која обединува 17 општински организации во 20 параолимписки спортови.

Со Агенцијата се договоривме и во ова второ пријавување на спортски надежи да не се инсистира на посебни критериуми за составување на ранг листа со искажани резултати од нашите кандидати, но дефинитивно за идна година ќе организираме државен натпревар на спортски надежи после кој ќе ја составиме ранг листата на 15 стипендисти за следната 2010 година. За оваа година, истите ги избравме на начин да бидат застапени спортисти со телесен инвалидитет и спортисти со оштетување на вид.

Стипендисти на ФСРИМ-МПК се: Анита Тони Данева, родена 06.03.1991, лице со телесен инвалидитет, Дарко Чедо Тасковски, роден на 17.04.1992, лице со телесна инвалидност, Филип Марија Анастасовски, роден на 28.11.1996 година, лице со телесен инвалидитет, Димитар Летиција Боцев, роден на 16.01.1993, лице со телесен инвалидитет, Томислав Звонко Китановски, роден на 07.07.1992, лице со телесна инвалидност, Ангел Урош Џуковски, роден на 19.03.1998, лице со телесна инвалидност, Дарко Зоран Новичиќ, роден на 19.03.1996, лице со оштетен вид, Кристијан Марјан Лазарев, роден 29.04.1995, лице со оштетен вид, Иван Александар Георгиевски, роден на 10.05.1993, лице со оштетен вид, Кети Илија Петрески, родена на 20.06.1996, лице со оштетен вид, Боби Добре Стојчевски, роден на 22.03.1994, лице со оштетен вид, Самир Демир Халим, роден на 16.06.1997, лице со оштетен вид, Драгана Борче Илиевска, родена на 17.06.1992 година, лице со оштетен вид.

Спортистите потпишаа Договори со Агенцијата за млади и спорт на 23.09.2009 година во просториите на Агенцијата за млади и спорт на Македонија. Овој сериозен стимул за младите спортисти за понатамошно посериозно занимавање со спорт треба да се надогради со организација на натпревари за оваа категорија на спортисти. На почетокот на ноември ќе ги поканиме стипендистите на еднодневно дружење во Даре Џамбаз за да ги запознаеме со организираноста на спортот на лицата со инвалидност на домашно и на светско поле.