Македонската репрезентација во стрелаштво пара спорт учествува на Гранд При натпреварот во Нови Сад, Србија, на кој се пријавени да учествуваат 128 стрелци од 30 држави.
Денес, во дисциплината воздушен пиштол 10м жени, Оливера Наковска Бикова со одличен настап и висок резултат го освои 1-то место во конкуренција на повеќе натпреварувачки кои ќе учествуваат на Параолимписките игри во Париз 2024.
Во основниот дел Оливера стрелаше одлични 575 кругови (пет кругови помалку од светскиот рекорд), а потоа умешно стрелаше во финалето и на крајот се закити со златен медал, пред турчинката Пенлихвар и Азербејџанката Бабајева.
Александар Јовановски настапи во истата дисциплина во категорија на мажи и со резултат од 538 кругови го зазеде 17-то место.
Поврзани објави
ПОДГОТОВКИ ЗА ПАРИЗ 2024
Нови Сад – Србија: 8. МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА Н.БИКОВА ВО ДИСЦИПЛИНАТА СПОРТ ПИШТОЛ 25М
Нови Сад – Србија: 7. МЕСТО ЗА ОЛИВЕРА ВО ФИНАЛЕТО ВО ДИСЦИПЛИНАТА П4-ПИШТОЛ СЛОБОДЕН ИЗБОР 50 МЕТРИ.