НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

НАСТАП НА СТРЕЛЦИТЕ НА “ГРАНД ПРИ НОВИ САД 2022”

Македонската репрезентација во стрелаштво за лица со инвалидност, во состав Ванчо Каранфилов и Александар Јовановски (стрелци), Бранимир Јовановски (тренер) и Драган Дојчиноски (асистент), од 20-24.09.2022 година учествуваат на меѓународниот натпревар “Гранд При на Нови Сад 2022”.
На првенството учествуваат стрелци од 14 држави, во борба за норми за претстојното Светско првенство во Ал Аин во ноември годинава.
На 22.09.2022 се стрелаше дисциплината Воздушен пиштол 10м.
Во конкуренција на 18 стрелци, Александар Јовановски со резултат од 538 кругови, го освои 12-то место, додека Ванчо Каранфилов со резултат од 531 круг го освои 16-то место.
Првото место по завршување на финалето во оваа дисциплина му припадна на Томаш Пешек од Чешка, второто на Ервин Бејдиќ од Босна и Херцеговина, а третото на  Ramalingom Sellemoutou Romain од Франција.
Кај дамите во оваа дисциплина, во квалификациите Krisztina David од Унгарија стрелаше резултат подобар од светскиот рекорд, 585 кругови. И после финалето таа остана на првото место, на второто се пласира литванката Bucinskyte Raimeda, а на третото французинката Hermant Melinda.
На 23.09.2022 во 09:00 наутро, нашите спортисти настапија во дисциплината Сторт пиштол 25м.
Во конкуренција на 16 спортисти, Ванчо Каранфилов со резултат од 507 кругови го зазеде 12-то место, а веднаш зад него Александар Јовановски со 503 кругови беше 13-то место. Во оваа дисциплина норма за учество на Светско првенство која изнесува 530 кругови не беше постигната од нашите стрелци.
На 24.09.2022 година, со почеток во 09:00 часот се одржа дисциплината Пиштол слободен избор 50м.
Во конкуренција на 12 натпреварувачи, Александар Јовановски со резултат од 498 кругови влезе во финалето како осмопласиран, додека Ванчо Каранфилов со резултат од 487 кругови го зазеде 12-то место. Норма за оваа дисциплина е 500 кругови.