На 11 и 12 Декември 2021 година, во Тајпеј се одржа Генералното Изборно Собрание на Меѓународниот параолимписки комитет (ИПЦ).
Заради ковид пандемијата, на почетокот на месец ноември се донесе одлука ова Собрание да се одржи онлајн, од студиото во Дизелдорф, па тоа беше и можност нашиот комитет (заради недоволно средства) за прв пат од 1994 година кога стана полноправна членка на ИПЦ, да учествува и гласа на истото.
Параолимпискиот комитет на Северна Македонија на Собранието го претставуваа Бранимир Јовановски (со право на глас) и Тони Пајдаков.
Како што се очекуваше, досегашниот претседател Ендрју Парсонс (Andrew Parsons), со 156 гласа „За“ и 3 гласа „Против“, ја доби довербата да го преводи ИПЦ уште еден мандат, а Дуан Кеил со 155 гласа „За“ и 5 гласа „Против“, беше избран за потпретседател на ИПЦ.
На крајот, по спроведено гласање во 3 изборни круга, беа избрани 10 членови на Управниот одбор на ИПЦ за следните 4 години.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ