На 02.06.2025 година, во просториите на сојузот, се одржа работна средба помеѓу претседателот на ПКСМ, Бранимир Јовановски, генералниот секретар, Драган Дојчиноски, и проект менаџерот, Нада Рочевска и асистент менаџерот, Ангел Стаменковски, кои го спроведуваат проектот за волонтерство во спортот наречен VIEWS, каде ПКСМ е партнер организација.
На состанокот, проект менаџерите дадоа куса информација за досегашната динамика на спроведување на проектот, за идните планирани активности, за потребата од дисеминација и објавување на материјали во врска со проектот, како и идеја дали поединци, лица со инвалидност, можат да бидат дел од тимот на волонтери на претстојните Европски младински олимписки игри кои ќе се одржат во Скопје.

Поврзани објави
ФЕР ИГРА: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
ПОКАНА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИК
Втор информативен билтен за VIEWS