Македонските параатлетичари, Тамара Гошева-Ф46 и Никола Пеев-Ф36, придружувани од селекторот Крсто Серафимовски и претседателот, Бранимир Јовановски, учествуваа на Меѓународниот параатлетски митинг “Загреб Опен 2025”, на кој покрај домаќинот Хрватска, учествуваа и спортисти од Македонија, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.
Во првата дисциплина, фрлање на копје, нашите натпреварувачи ги освоија првите места, при што Тамара Гошева постигна резултат од 17,68 метри, а Никола Пеев постигна резултат од 24,77метри. За жал во оваа конкуренција беа пријавени по двајца натпреварувачи.
Во дисциплината фрлање на диск, Тамара Гошева настапи во конкуренција на пет натпреварувачки и го освои второто место со резултат од 17,72 метри, додека Никола Пеев со резултат од 23,28 метри го освои третото место.
Домаќинот на натпреварот не додели медали на учесниците по дисциплините, туку пехари за највредните 5 постигнати резултати во машка и женска конкуренција според Раза таблицата на Светската параатлетска федерација.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА