Македонската репрезентација во стрелаштво пара спорт учествува на Гранд При натпреварот во Нови Сад, Србија, на кој се пријавени да учествуваат 128 стрелци од 30 држави.
Денес, во дисциплината воздушен пиштол 10м жени, Оливера Наковска Бикова со одличен настап и висок резултат го освои 1-то место во конкуренција на повеќе натпреварувачки кои ќе учествуваат на Параолимписките игри во Париз 2024.
Во основниот дел Оливера стрелаше одлични 575 кругови (пет кругови помалку од светскиот рекорд), а потоа умешно стрелаше во финалето и на крајот се закити со златен медал, пред турчинката Пенлихвар и Азербејџанката Бабајева.
Александар Јовановски настапи во истата дисциплина во категорија на мажи и со резултат од 538 кругови го зазеде 17-то место.
Поврзани објави
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ НА МИТИНГОТ ВО КРУШЕВАЦ
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025