Денес, на 8. Меѓународен пингпонгарски фестивал во Лерин, Грција настапија двајцата македонски претставници.
Рубинчо Ристески од Прилеп, во категоријата 40-49 години, најнапред ја помина групата како второпласиран, а потоа извојува победа во четвртфиналето, за да во полуфиналето изгуби од претставникот на Бугарија. Со оглед дека не се разигруваше за трето место, двајцата поразени натпреварувачи во полуфиналето освоија бронзени медали. Честитки за успехот и освоениот бронзен медал на Рубинчо Ристески.
Младиот Огнен Илиески од Прилеп утринава настапи во својата категорија У-13 каде вобгрупата од четири натпреварувачи извојува една победа и два порази, пласирајќи се на трето место во групата, со што ги продолжи борбите за пласман од 13-21 место. Натпреварот за борба од 13-21 место го доби Огнен, па продолжи да игра за пласман од 11-14 место. За жал, овој натпревар го загуби и конечно заврши на делба на 13-то место. Честитки и за младиот Огнен Илиоски.

Поврзани објави
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ПРВО МЕСТО ЗА ЕКИПАТА НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА НА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО ШАХ “СЕМИЧ 2026”