Sport Social Solutions (SSS) во партнерство со Македонскиот Олимписки Комитет, Македонскиот Центар за Меѓународна Соработка и Македонскиот Параолимписки Комитет во рамки на проектот “Фер Игра: Унапредување на родовата еднаквост во спортските политики“, отвора повик за
20 учеснички од Скопје, кои ќе учествуваат на дводневна обука на ден
17ти и 18ти април со цел зајакнување на своите лидерски вештини и проактивно вклучување во спортскиот сектор.
Критериуми за учество:
• Учесничките да бидат вклучени во спортскиот сектор, во профил на спортистка, тренер, судијка, менаџерка, новинарка или на друг начин активно да се вклучени во спортски клуб или федерација;
• Возраст од 18 до 35 години;
• Да покажуваат интерес за развој на лидерски вештини;
• Да покажуваат интерес за унапредување на родовата еднаквост и креирање на еднакви можности за жени и мажи во спортот и спортскиот сектор.
Повеќе информации на линкот

Поврзани објави
ПОКАНА ЗА ПОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАШАЛНИК
Втор информативен билтен за VIEWS
ОДРЖАНА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МОСТОВИ НА ИСКУСТВО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЕНИОРСКО ВОЛОНТЕРСТВО ЗА ОДДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ“