На 06.04.2024 г. во Куманово, во спортската сала на гимназијата “Гоце Делчев”, во организација на ППК “КУМАНОВО”, ОССК и во соорганизација со ССРИ Куманово, а по повод Светскиот ден на спорот 6-ти Април, се одржа меѓународен турнир во пинг-понг.
На турнирот зедоа учество четири екипи: ППК”ТОПСПИН”од Врање, Р Србија, ППК “ПАТРИОТИ” од Велес, ППК “ДЕБАР МААЛО” од Скопје и домаќинот ППК “КУМАНОВО”, како и спортисти со телесен инвалидитет од ССРИ Кисела Вода од Скопје и ССРИ Куманово.
Кај спортисти со телесен инвалидитет редоследот беше следниот:
1-во место Дејан Алексовски од Скопје;
2-ро место Страшко Коцевски од Куманово и
3-то место Ненад Диниќ од Скопје.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА