Натпревар во Борско езеро, Србија во атлетика
Од 06-08.09.2016 година, во Борско езеро, Србија, беа одржани 24-те спортски игри на Сојуз на параплегичари и тетраплегичари на Србија на кои учествуваше и екипа на Мобилност Македонија во состав: Александар Јовановски, Ристо Фотевски, Петко Петковски и Дејан Ѓорѓиевски (возач). На игрите настапија 120 натпреварувачи распоредени во 13 машки и 7 женски екипи, како и спортисти од 4 држави од регионот: Словенија, Македонија, Црна Гора, и Босна и Херцеговина.
По сумирање на резултатите во атлетика, најуспешна екипа во севкупна конкуренција беше „Крагуљ“ од Крагујевац, на второто место се пласира екипата на „Чачак“, а на третото екипата на „Шабац“. Нашите натпреварувачи екипно со освоени 27 поени (11 во атлетика и 16 во шах), го зазедоа 14-то место од 17 екипи.
Најдобрите поединци се закитија со медали и дипломи, а најдобрите екипи со пехари.

Поврзани објави
ЕЛЕНА ДАВИТКОВСКА ОСВОИ 3 МЕДАЛИ (1 ЗЛАТЕН И 2 СРЕБРЕНИ) НА 34. СПОРТСКИ ИГРИ НА СПИКС ВО ВРЊАЧКА БАЊА
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ ВО САРАЈЕВО, БиХ
ВТОРО МЕСТО ЗА ЕЛЕНА ДАВИТКОВСКА НА 57. МЕМОРИЈАЛ ПРОФ. БОЈАНА ХРОВАТИНА, ВО СЛОВЕЊ ГРАДЕЦ, СЛОВЕНИЈА