Мобилност Македонија, на Републичките спортски игри на параплегичари и заболени од детска парализа на БиХ, кои се одржаа од 10-12.09.2026 година.Право на настап имаа лица со параплегија и заболени од детска парализа така да Мобилност Македонија настапи со екипа во состав: Елена Давитковска-класа Ф56, Зоран Јовановски-класа Ф55, Златко Арсовски-класа Ф55 и Адем Неби-класа Ф57.
Најдобар успех од нашите спортисти постигна Адем Неби кој освои 3 (три) медали и тоа: 1-во место во диск, 2-ро во копје и 2-ро во ѓуле.
Елена Давитковска исто така освои 3 (три) медали и тоа сите три бронзени во: диск, копје и ѓуле.
Зоран Јовановски освои 2-ро место во копје, а Златко Арсовски иако имаше солиден настап не успеа да се закити со медал.
Натпреварот се одржа во многу лоши временски услови, постојано паѓаше дожд, реквизитите беа мокри и лизгави, што додава уште поголема вредност на постигнатите резултати.
Честитки до организаторот за успешно организираниот настан и поред предизвиците пред кои беа исправени.
Средства за учество на овој настан беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА ПИНГПОНГАРИ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР НА ПРИЈАТЕЛСТВО ВО НИШ, СРБИЈА
МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК СИЛЕКС, ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ТРАЈЧЕВ