На 04.07.2015 година во Вараждин, Хрватска, се одржа меѓународниот натпревар „CRO Open 2015“ на кој учествуваа 87 натпреварувачи ( 75 во машка и 12 во женска конкуренција) од 8 држави.
Нашиот сојуз на натпреварот го претставуваа спортистите Александар Талески и Дејан Ѓорѓиевски, предводени од селекторот Крсте Серафимовски.
Алекдандар Талески настапи во 2 дисциплини во класата Ф46. Во дисциплината копје го освои 1-то место (од двајца натпреварувачи) со резултат од 39,38 метри, додека во дисциплината ѓуле 7-то место (од седум натпреварувачи) со резултат од 10,00 метри.
Дејан Ѓорѓиевски настапи во три досцилини во класата Ф57. Во дисциплината диск го освои 4-то место (од пет натпреварувачи) со резултат од 20,67 метри, во дисциплината копје 5-то место (од пет натпреварувачи) со резултат од 18,33 метри и во дисциплината ѓуле 7-то место (од седум натпреварувачи) со резултат од 7,39 метри.
![]() |
![]() |



Поврзани објави
ЕЛЕНА ДАВИТКОВСКА ОСВОИ 3 МЕДАЛИ (1 ЗЛАТЕН И 2 СРЕБРЕНИ) НА 34. СПОРТСКИ ИГРИ НА СПИКС ВО ВРЊАЧКА БАЊА
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ ВО САРАЈЕВО, БиХ
ВТОРО МЕСТО ЗА ЕЛЕНА ДАВИТКОВСКА НА 57. МЕМОРИЈАЛ ПРОФ. БОЈАНА ХРОВАТИНА, ВО СЛОВЕЊ ГРАДЕЦ, СЛОВЕНИЈА