Денес, 24.02.2021 година, во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет се одржа работна средба помеѓу претседателите на ОКСМ, Даниел Димевски и на ПКСМ, Бранимир Јовановски, на која присуствуваше и генералниот секретар на параолимпискиот комитет, Драган Дојчиноски.
Беше дискутирано за зајакнување на соработката меѓу двата комитета, за помошта лпја ОКСМ безрезервно ни ја пружа во планирањата на компанијата за спортска опрема Ф4 која треба да ги опреми со спортска опрема олимпискиот и параолимпискиот тим кои ќе учествуваат на игрите во Токио 2020, како и за натамошни заеднички активности на полето на видливост на организациите и поширока соработка.

Поврзани објави
ВО ДАБЛИН ОДРЖАН ТРЕТИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ VIEWS
ФЕР ИГРА: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
ЗОРАН ЈОВАНОВСКИ ДИСКВАЛИФИКУВАН ПО ПРВОТО ВОЗЕЊЕ ВО СЛАЛОМ И НЕ ЗАБЕЛЕЖА ПЛАСМАН НА ЗИМСКИТЕ ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ МИЛАНО КОРТИНА 2026