На 16.04.2022 година во Куманово, претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, одржа куса работна средба со Владимир Искров, тренер на Клубот за кошарка во колички „Левски“ од Софија и тренер на националниот тим на Бугарија во кошарка во колички. На состанокот присуствуваа и кошаркарите од Софија, Александар Попов и Атила Хамди.
По првичното запознавање и претставување, го информирав тренерот Владимир Искров за иницијативата за формирање на клуб за кошарка во количка и средбата што ја одржавме на 12.04.2022 година во просториите на НЛБ Банка во Скопје со претставниците на НЛБ Вил Лигата, Грегор Грачнер и Дане Кастелиц од Словенија, потоа претставниците на Амбасадата на Германија во Скопје, претставници на НЛБ Банката во Скопје, Триглав Осигурување во Скопје, Кошаркарска федерација на Македонија и организаторот на средбата, Амбасадата на Словенија во Македонија. Ова за нас се пионерски чекори во овој спорт и очекуваме до октомври да добиеме термин во спортска сала за започнување со тренинзи и доволен број на специјални кошаркарски инвалидски колички за игра.
Секако дека искуството на клубовите и тренерите од регионот ќе ни биде неопходно потребно и отворени сме за секаков вид на соработка.
Тренерот Владимир Искров истакна дека Софија е на само 200км од Скопје, релативно бргу се патува и тие како клуб се волни да ни дадат секаков вид на поддршка.
Искрено очекувам ова прва средба и искрено подадена рака на соработка, да премине во почеток на една плодна соработка во повеќе области, дури и можност за заедничко учество на некои европски проекти кои би можеле да обезбедат развој на спортот кошарка во колички, како и натамошно опремување и финансирање на активностите во ова насока.
Поврзани објави
СПОРТСКИ НАТПРЕВАР ВО ЧЕСТ НА 11 НОЕМВРИ – ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА КУМАНОВО
СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА ПАРА СПОРТ ЛИДЕРСТВО ЗА ЖЕНИ
НА ПРИЕМ ВО МАКЕДОНСКАТА АМБАСАДА ВО ПАРИЗ