НФСРИСМ – ПКСМ

Национална федерација за спорт и рекреација на инвалиди на Северна Македонија – Параолимписко комитет на Северна Македонија

ТРЕТО МЕСТО ВО КЛАСА 8 ЗА РУБИНЧО РИСТЕСКИ НА „ПОДГОРИЦА 2022“

На 03.12.2022 година, на Меѓународниот турнир во Подгорица се играа индивидуалните натпревари.
Најдобар успех од нашите пингпонгари постигна Рубинчо Ристески во класа 8, кој го освои бронзениот медал.
Рубинчо со една победа и еден пораз во својата група од 3 натпреварувачи, како второпласиран во групата се пласира во полуфиналето каде што изгуби од Срѓан Шќекиќ од Србија (кој подоцна со победа во финалето го освои турнирот), а нашиот Рубинчо Ристески заедно со Милјан Церовиќ, ги освоија бронзените медали.
Од другите наши натпреварувачи, единствено Марјан Зафировски забележа една победа во група (и 2 порази), но таа победа не му беше доволна да ги продолжи борбите во полуфиналето бидејќи во групата имаше 4 натпреварувачи и со таа една победа (и 2 порази), го зазеде третото место во група (првите двајца ги продолжуваат борбите за медали).
Останатите наши натпреварувачи ги завршија борбите во своите групи без да извојуваат победи.
На 04.12.2022 година на Меѓународниот турнир беа на програма натпреварите во екипна конкуренција.
Параолимпискиот комитет на Северна Македонија имаше 3 екипи и сите три екипи борбите ги завршија во разигрувањето по групи, без можност да се пласираат во полуфиналните броби и да се борат за освојување на медали.
Екипата на Македонија 1 настапи во состав Рубинчо Ристески и Небојша Ташиќ, играше во група со репрезентациите на Хрватска 1 и Црна Гора 1. Нашите спортисти ги изгубија и двете борби и се пласираа на третото место во групата и го завршија својот настап. Понатаму во полуфиналните борби се пласираа двете првопласирани репрезентации, а тоа беа Црна Гора 1 и Хрватска 1.
Екипата на Македонија 2 настапи во состав Зоран Трајановски и Митко Сотировски. Тие разигруваа во група со репрезентациите на Хрватска 2, Црна Гора 2 и Босна и Херцеговина. Нашите спортисти извојуваа победа над тимот од Црна Гора со 2:1, меѓутоа ги изгубија преостанатите два натпревари и натпреварот го завршија како третопласирани во својата група (првите две одат во полуфиналето).
Екипата на Македонија 3 настапи во состав Марјан Зафировски и Тони Митровски и играа во група со репрезентациите на Србија 1 и Хрватска 3. Нашите спортисти ги изгубија двата натпревари и се пласираа на третото место во групата кое не води во понатамошни борби.
Останува впечатокот дека можеше да се направи повеќе, но за тоа е потребен системски програмиран тренинг и целогодишна работа.
Резиме на учество на овој натпревар е освоен еден бронзен медал во класа 8 од Рубинчо Ристески, кој му беше врачен од организаторот за време на прославата.
« на 2 »