Првиот вебинар ќе се одржи на 25 февруари и предвидува споделување на ажурирани податоци за COVID-19
Светската антидопинг агенција (ВАДА) е задоволна што ја започнува својата серија на 2021-вебинари предвидени за спортисти, што е иницијатива започната минатата година од страна на Комитетот за спортисти при ВАДА, која овозможува интерактивен ангажман на Агенцијата со спортисти ширум светот.
ВАДА ги поканува спортистите и другите да се пријават на првиот вебинар од серијата, насловен 2021 COVID-19 и Clean Sport Update, што ќе се одржи на 25 февруари од 13-14: 00 часот EST; и ќе се фокусира на влијанието на КОВИД-19 врз спортистите и антидопинг системот.
За време на овој вебинар, претседавачот на Комитетот за спортисти при ВАДА, Бен Сандфорд, и подолу наведените спортисти и стручни панелисти, ќе дискутираат за тековниот ефект што го има пандемијата од КОВИД-19 врз антидопингот за спортистите, вклучително и сесија на прашања и одговори во врска со влијанијата на КОВИД-19 врз тестирањето, улогата на вакцините и како понатаму.
Панелисти:
-Д-р Оливие Рабин, виш извршен директор за наука и меѓународни партнерства на ВАДА,
-Џејмс Склатер, директор на антидопинг при Меѓународниот параолимписки комитет,
-Д-р Ленка Вех, олимпијка во веслање и член на Комитетот за здравство, медицина и истражување на ВАДА
Во текот на минатата година, ВАДА и нејзиниот Комитет за спортисти обезбедија информации за спортисти и други во врска со прашањето за КОВИД-19, особено во врска со заштитата на здравјето на спортистите и колку чистиот спорт може да истрае во овие времиња на предизвик.
„Бидејќи ситуацијата со КОВИД-19 продолжува да се развива, ВАДА е посветена на ажурирање на информациитре за спортистите во врска со влијанието на пандемијата врз анти-допингот и да одговори на прашањата во врска со вакцините“, рече претседателот на Комитетот за спортисти на ВАДА, Бен Сандфорд. „Ние сакаме да им обезбедиме на спортистите ажурирани информации, и сакаме да ги слушнеме, но и да ги решиме нивните проблеми. Слично како и минатата година, се надеваме дека оваа серија на вебинари ќе биде ефикасна платформа за размена на информации со спортисти за да разбереме како можеме најдобро да ги поддржиме и да ги ангажираме во понатамошно зајакнување на глобалниот антидопинг систем “.
Анти-допинг организациите ширум светот се охрабруваат да им ја пренесат оваа објава на своите спортисти и да ги охрабрт да се регистрираат на вебинарот.
ВАДА во наредните недели ќе објави список на комплетната серија на вебинари во 2021 година, што ќе вклучи и други веб-работилници од оваа серија предвидена за спортисти; како и веб-работилници што ќе бидат дел од Програмата за поддршка на имплементација на кодот на Агенцијата (CISP); и, други, кои се сметаат за релевантни.
Регистрација за вебинар на следниот линк (во текстот со кликање на соодветното место): https://www.wada-ama.org/…/wada-launches-2021-athlete…
Корисни објави за спортистите можете да најдете на следната страница: https://www.wada-ama.org/en/covid-19-updates
Поврзани објави
Информативен билтен од проектот VIEWS
РАБОТЕН СОСТАНОК СО МЕНАЏЕРИТЕ НА ПРОЕКТОТ VIEWS
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ, ЕНДРЈУ ПАРСОНС (ANDREW PARSONS), ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРАОЛИМПИСКИ КОМИТЕТ