На 01.11.2025 година во Битола во организација на Националната федерација за спорт и рекреација на инвалидите на Северна Македонија – Параолимписки комитет на Северна Македонија и Клубот за СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ИНВАЛИДИ Битола и Пинг-понгарскиот клуб Пелагонија од Битола, се одржаа третото и четвртото коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност, при што беа постигнати следните резултати:
Трето коло:
КСРИ Кисела вода : КСРИ Прилеп 0:3
КСРИ Куманово : КСРИ Гевгелија 3:0 (службено)
КСРИ Битола : КСРИ Струмица 1:3
Четврто коло
КСРИ Прилеп : КСРИ Струмица 3:0
КСРИ Гевгелија : КСРИ Битола 0:3 (службено)
КСРИ Кисела вода : КСРИ Куманово 1:3
Следните петто и шесто коло ќе се одиграат на 22.11.2025 година, домаќинот ќе се определи дополнително.
Парови за петто и шесто коло ќе бидат:
Петто коло
КСРИ Куманово : КСРИ Прилеп
КСРИ Битола : КСРИ Кисела вода
КСРИ Струмица : КСРИ Гевгелија
Шесто коло
КСРИ Гевгелија : КСРИ Прилеп
КСРИ Струмица : КСРИ Кисела вода
КСРИ Битола : КСРИ Куманово
Во прилог моменталната табела после одиграни 4 кола, распоредот на натпревари со датуми и записници од натпреваарите од 3 и 4 коло.
Напомена:
Распоредот на бодовната таблица се прави согласно освоените бодови. Доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови предност има екипата со поголема позитивна сет разлика, освен во случај при составување на конечната табела по завршувањето на сезоната 2025. При рангирањето на конечната табела доколку две или повеќе екипи имаат ист број на бодови, како предност се смета меѓусебниот скор во победи а ако и тоа е исто се смета скорот во меѓусебни сетови, доколку и тоа е исто подобра е онаа екипа која успеала да добие повеќе севкупен број на индивидуални поени во меѓусебниот дуел. Доколку и тоа е исто подобра е онаа екипа кој има поголема позитивна поен разлика во меѓусебните индивидуални дуели а доколку и тоа е исто се смета позитивната поен разлика на екипата во текот на целата лига вклучувајќи ги и поените добиени со сите останати екипи. Доколку и тоа е исто и се работи за екипи кои треба да решаваат кој да биде добитник на еден од трите медали, се игра решавачка утакмица на наеутрален терен или по договор на засегнатите екипи. Во случај да не можат да се договорат екипите каде ќе се игра решавачката утакмица решава комесарот кој одлучува за терен кој е неутрален а екипите немаат право на приговор.


Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”