Пингпонгарската екипа на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово (КСРИ Куманово) во состав Страшко Коцевски, Небојша Ташиќ, Зоран Трајановски и Бранимир Јовановски, од 06-09.11.2025 година учествува на XXIII Меѓународен турнир во пинг понг “Пехар на Храдец Кралове”, на кој учествуваат 12 клубови од Чешка, Словачка, Полска, Украина, Србија и Македонија.
Екипите се поделени во 2 групи, од по 6 клубови, во кои екипите играат секој со секого, а во вториот дел се разигрува за пласман и тоа:
Првите две екипи од двете групи за пласман од 1-4 место;
Третата екипа од првата група со третата екипа од втората група за пласман на 5 и 6 место, и така редоследно.
Средства за учество на овој турнир се обезбедени од Министерството за спорт од грантот за клубови за 2025 година.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА