На 24-25.05.2025 година, во хотелот “Конгресен Центар” во Охрид, во организација на Мобилност Макединија и соорганизација со Параолимписки комитет на Северна Македонија, се одржа 37. Државно првенство на лица со телесен инвалидитет на Македонија на кое настапија 20 шахисти од здружените членки и една гостинка од Бања Лука.
Во фер и коректна борба, првото место го освои Јанчо Ѓорѓевски од Куманово со 6,5 поени (од 7 можни), второто Горан Војновски од Кочани со 5,5 поени, третото Александар Стојчески од Скопје со 5 поени.
Натпреварот беше организиран со финансиска поддршка од Министерството за социјална политика, демографија и млади за спроведување на програмските активности за 2025 година.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА