На 19.11.2025 година, по претходно закажан термин, беше одржан пред регистрациски состанок со Организацискиот комитет на Параолимписките игри во Милано Кортина 2026.
На состанокот присуствуваа претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски,генералниот секретар, Драган Дојчиноски, и тренерот Јане Стефанов, како и претставниците на комитетот: Matteo Malfer, Audrey Terumi Hoche, Reinis Birzneieks i Naoko Maruyama.
На состанокот беа договорени и потврдени првичните пријави на нашата делегација која ќе учествува на Зимските Параолимписки игри во Милано Кортина 2026. Не очекуваат уште многу состаноци, коминикација со одборот, пополнување на разни формулари, преговори и секако тренинзи и трки на нашиот тим за обезбедување на доволно ФИС бодови за право на настап на игрите.
Македонскиот тим ќе го сочинуваат: Бранимир Јовановски – Шеф на мисија, Зоран Јовановски -спортист, Јане Стефанов-тренер, Петар Илев-тренер, Вангел Тркаљанов-тренер и Елвис Алексовски-лекар на тимот.

Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”