Од 19-25.06.2021 година, во хотелот Дрим во Струга, се одржа МЛАДИНСКОТО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ ,,СТРУГА 2021″, на кое во категоријата U14 (натпреварувачи до 14 годишна возраст) настапи и младиот стипендист на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Александар Стојчески од Скопје.
Во конкуренција на 10 натпреварувачи, младиот Александар го освои 8-то место со освоени 2 поени.
Настапот на нашиот стипендист Александар Стојчески и неговиот придружник и родител Горан Стојчески, финансиски беше поддржан од средствата од Агенција за млади и спорт.
Поврзани објави
МЕЃУНАРОДЕН ПАРААТЛЕТСКИ МИТИНГ “ЗАГРЕБ ОПЕН 2025”
33. РЕПУБЛИЧКИ СПОРТСКИ ИГРИ НА СПИКС, ВРЊАЧКА БАЊА
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ НА МИТИНГОТ ВО КРУШЕВАЦ