Македонските спортисти: Рубинчо Ристески-класа 8, Небојша Ташиќ-класа 9, Дејан Алексовски-класа 10 и Марјан Зафировски-класа 7, од 22-24.09.2023 година учествуваат на меѓународниот пингпонгарски турнир “Бургас Опен 2023” во Бугарија, на кој учествуваат 50 спортисти од 5 држави: Бугарија, Србија, Румунија, Црна Гора и Северна Македонија.
Најдобар успех од нашите спортисти оствари Марјан Зафировски во класа 6-7 кој успеа да ја помине групата и во четвртфиналето загуби од романскиот натпреварувач, не успевајќи да се пласира во полуфиналето во борбата за еден од медалите.
Останатите наши спортисти натпреварите ги завршија уште во првата фаза, во разигрувањето по групи, не успевајќи да освојат едно од првите две места во група кои водат во четвртфиналните борби.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА