Денес на Светското првенство во стрелаштво во Лима се одржа дисциплината П4-малокалибарски пиштол слободен избор на 50 метри.
Александар во конкуренција на 33 натпреварувачи, со резултат од 491 круг го освои 31-то место. Мечот го започна во грч, за да се поправи во следните 4 серии, но на крајот влезе во цајтнот и стрелаше 11 кругови послабо од својот најдобар резултат во ова дисциплина, постигнат пред 20 дена на Гран При натпреварот во Нови Сад (502 кругови).
Следниот натпревар на Александар е во дисциплината П1-воздушен пиштол, што се стрела на 27.09.2023 година.

Поврзани објави
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА
БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ, ВРЊАЧКА БАЊА, СРБИЈА