Македонските пингпонгари, Рубинчо Ристески (сениор) и Огнен Илиески (јуниор 13 год.), поддржани од Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, од 28-29.06.2024 година учествуваат на 8. Меѓународен пингпонгарски фестивал во Лерин, Грција. На натпреварот се пријавени да настапат вкупно 195 пингпонгари (во повеќе возрасни категории), од 34 различни градови од 9 држави: Македонија, Малта, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Грција, Албанија и Романија.
Денес настапи младиот Огнен Илиески од Прилеп во категоријата У15 (натпреварувачи до 15 години) и во разигрувањето во група ги загуби двата натпревари, така да продолжи со бробите за пласман од 11-13 место. По одиграните натпревари во ова група, Огнен не успеа да ги добие противниците, така да конечно се пласира на 13 место од 17 пријавени натпреварувачи.
Поврзани објави
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ НА МИТИНГОТ ВО КРУШЕВАЦ
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025