Македонската репрезентација во пинг понг во состав Страшко Коцевски -селектор, Игорчо Постолов – класа 6, Марјан Зафировски – класа 7, Рубинчо Ристески – класа 8, Тони Митровски – класа 8 и Небојша Ташиќ – класа 9, од 11-14.12.2024 година учествува на меѓународниот турнир “Подгорица Опен 2024” во Црна Гора, на кој учествуваат спортисти од 6 држави: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска и домаќинот Црна Гора.
Денес, на 12.12.2024 година, нашиот натпреварувач во класа 6, Игорче Постолов, го освои 3-то место и бронзениот медал. Првото место во класа 6 го освои Харис Еминовиќ од Босна и Херцеговина, а второто Хамид Подбичанин од Србија. Честитки за големиот успех на нашиот Игорче.
Останатите наши натпреварувачи и поред големата борба со противниците, не успеаја да ја поминат квалификациската група.
Поврзани објави
УСПЕШЕН НАСТАП НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАРА АТЛЕТИЧАРИ НА МИТИНГОТ ВО КРУШЕВАЦ
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ПИНГ ПОНГ 2025
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО 2025