Нашата атлетичарка Елена Давитковска, како единствена претставничка на Мобилност Македонија, на 05.09.2026 година на меѓународниот атлетски меморијал, проф. Бојана Хроватина, кој во организација на Сојузот на параплегичари на Словенија оваа година се одржа во Словењ Градец, Словенија, го освои 2-то место и сребрениот меџал во диск во споените класи Ф52-Ф57.
На натпреварот настапија 76 натпреварувачи (60 во машка и 16 во женска конкуренција) од: Словенија, Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора и Чешка.
На првенството, заради лични обврски и спреченост, не настапија нашите спортисти Зоран Јовановски, Златко Арсовски и Гоце Миновски, па тоа беше причината зошто екипно го освоивме седмото место (се рачунаа збирно резултатите од сите учесници од екипата).
На овој натпревар присуствуваа и претседателот на Мобилност Македонија, Вранимир Јовановски, секретарот Гораст Велковски, кои оствароја работна средба со претседателот на Сојуз на параплегичари на Словенија, Дане Кастелиц, како и асистентката, Весна Давитковска.
Средства за учество на овој натпревар беа обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Поврзани објави
МЕМОРИЈАЛЕН НАТПРЕВАР НА МОБИЛНОСТ МАКЕДОНИЈА СО ВЕТЕРАНИТЕ НА ФК СИЛЕКС, ВО ЧЕСТ НА ГОРАН ТРАЈЧЕВ
КСРИ КУМАНОВО ГО ОРГАНИЗИРАШЕ 5. МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ “КУМАНОВО 2026”
ЛИГА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ ЗА 2026 ГОДИНА