На покана од Параолимпискиот комитет на Србија, Претседателот на Параолимпискиот комитет на Северна Македонија, Бранимир Јовановски, тренерот по кошарка, Сашо Димитриевиќ и дел од потенцијалните натпреварувачи од Северна Македонија во овој спорт, на 07.05.2022 година ќе учествуваат во Бујановац, Србија, на Мини Баскет Фестивал, манифестација на која меѓу другото ќе се одигра и ревијална утакмица помеѓу белградските клубови Сингидинум и Црвена Звезда.
Нашите спортисти ќе можат за прв пат да ги испробаат количките, ќе им биде земена мерка за нивните колички кои треба да ги добиеме до октомври годинава, благодарение на донациите од Триглав Осигурување, Германска амбасада во Скопје и НЛБ банка Скопје, како и да размениме искуства со Параолимпискиот комитет на Србија и стручните лица од клубовите, како да се развиваме и соработуваме во иднина.



Поврзани објави
АТЛЕТИЧАРИТЕ УЧЕСТВУВААТ НА СРБИЈА ОПЕН 2026 ВО КРУШЕВАЦ
ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО ШАХ 2026 НА ЛИЦА СО ТЕЛЕСЕН ИНВАЛИДИТЕТ НА МАКЕДОНИЈА
ВО ДАБЛИН ОДРЖАН ТРЕТИОТ ТРАНСНАЦИОНАЛЕН ПАРТНЕРСКИ СОСТАНОК НА ПРОЕКТОТ VIEWS