На 11.11.2022 година, нашата златна параолимпијка настапи на Светското првенство во Ал Аин во дисциплината П2-воздушен пиштол жени.
По истрелани 6 серии во квалификациите, Оливера со одличен резултат од 568 кругови се пласира на третото место, кое и’ донесе влез во финалето, меѓу осумте спортистки кои се бореа за медали и двете предвидени директни квоти за Париз 2024.
По настапот во финалето, кое за жал не тргна според очекуваното, Оливера заврши на конечното 7-мо место.
За жал, таа не успеа да го задржи фокусот до крај, да остане смирена и прецизна како во квалификациите, и по куса борба во финалето мораше да го напушти теренот како седмопласирана.
Добар настап за Оливера во секој случај, уште еднаш ја потврди својата висока класа, овој натпревар останува зад нас а ние одиме понатаму. Следниве денови не’ чекаат напорни тренинзи, а на 14-ти и последниот настап во дисциплината П4-пиштол слободен избор 50м. Во оваа дисциплина ќе се доделат 5 директни квоти за Париз 2024, најнапред 1 квота за поведникот во оваа дисциплина (gender free – без оглед дали е машко или женско), а потоа на најдобро пласираните 2 мажи, и најдобро пласираните две жени во редоследот.
Поврзани објави
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНО ОРУЖЈЕ 2024
ОДРЖАНО ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО НА МАКЕДОНИЈА ВО ПИНГ ПОНГ
ПРИЈАТЕЛСКИ ТУРНИР ВО КОШАРКА ВО КОЛИЧКИ