Од втората половина на минатата година, Параолимпискиот комитет на Северна Македонија се приклучи кон активностите за пријавување на Зоран Јовановски за настап на Зимските Параолимписки Игри во Милано Кортина 2026.
Одржавме повеќе состаноци со Организацискиот комитет на игрите, напишавме стотици меилови и формулари, а за тоа време, благодарение на поддршката од Скијачката федерација на Македонија и тренерите Јане Стефанов и Петар Илев, Зоран Јовановски патуваше на ФИС натпревари во обид да оствари 360 или помалку ФИС точки што ни даваа право како комитет да аплицираме за довивање на бипартитна карта за учество на игрите.
ПКСМ ја поднесе бипартитната апликацијата, меѓутоа ФИС не ја одобри, но благодарение на ангажираноста на одговорните лица од Скијачката федерација на Македонија, како и пријателите од ИПЦ (Меѓународниот параолимписки комитет) на Параолимпоскио комитет му беше понудена вајлд карта за настап на Зоран Јовановски која Параолимпискиот комитет веднаш ја прифати и тој ќе настапи на игрите од 28.02-17.03.2026 година придружуван од своите тренери Јане Стефанов, Петар Илев и Вангел Тркаљанов, докторот Елвис Алексовски и Шефот на Мисија, Бранимир Јовановски.
Честитки до Зоран Јовановски и целиот негов стручен тим за вложените напори, пожртвованоста и упорноста во параолимпискиот циклус, честитки до Скијачката федерација на Македонија во чија надлежност се наоѓа пара скијањето, со желби за што е можно поуспешен настап на Зоран Јовановски на игрите во единствената дисциплина во која му е одобрен настап: Слалом-мажи класа седење LW11.
Инаку малку историја за потсетување, прв настап воопшто на едни Параолимписки игри на еден македонски спортист со инвалидност се случил на првите организирани зимски Параолимписки игри во Örnsköldsvik, Шведска во 1976, со настапот на Сашо Панов, тогаш во состав на тимот на СФРЈ.

Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”