На 27–28 октомври 2025 во Букурешт (Романија) се одржа вториот транснационален состанок на партнерите од Еразмус+ проектот VIEWS. Партнерите дискутираа за досегашниот напредок, наредните чекори и размена на искуства за подобро вклучување на лицата со попреченост во спортското волонтерство.
Во рамки на состанокот беше посетен и веслачкиот клуб ONYX, каде што партнери од различни земји имаа можност да се запознаат со нивната работа и потенцијалот на спортот како алатка за инклузија.
VIEWS се фокусира на иновации во полето на волонтерство преку интеграција и зајакнување на улогата на лицата со попреченост во спортско волонтерство – област која сè уште е недоволно разработена во постојните спортски и волонтерски програми.
Повеќе за проектот VIEWS: https://www.views-eu.org


Поврзани објави
Втор информативен билтен за VIEWS
ОДРЖАНА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „МОСТОВИ НА ИСКУСТВО: ЗАЈАКНУВАЊЕ НА СЕНИОРСКО ВОЛОНТЕРСТВО ЗА ОДДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА БАЛКАНОТ“
ЕНДРЈУ ПАРСОНС РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ИПЦ