На 29.11.2025 година во спортската сала на СОУ Гимназија “Гоце Делчев” во Куманово, во организација на Клубот за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, и со финанаиска поддршка од Општински Сојуз на Спортови Куманово, Националната Федерација “Спорт за Сите”, Параолимпискиот комитет на Северна Македонија и Министерството за спорт, се одржа третиот меѓународен турнир во пара пинг понг.
На турнирот учество зедоа 19 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, поделени во три категории.
Со пригоден говор, турнирот за отворен го прогласи градоначалникот на опшрина Куманово, Максим Димитриевски, а на присутните им се обрати и претседателот на ОСС Куманово, Филип Колевски.
Во фер и коректна борба, првите места ги освоија:
Класа 6-7
1. Милан Миќовиќ СРБ
2. Едиб Шахман БиХ
3. Пјетро Паљушевиќ МНЕ
3. Милан Антиќ СРБ
Класа 8
1. Јордан Митев БУГ
2. Тони Митровски МКД
3. Андреј Насковски МКД
3. Фикрет Смајловиќ БиХ
Класа 9-10
1. Дејан Башановиќ МНЕ
2. Касим Цериќ БиХ
3. Небојша Ташиќ МКД
3. Митко Сотироски МКД
Медалите, дипломите и победничките пехари на освојувачите на медали им ги врачи претседателот на КСРИ Куманово, Страшко Коцевски.

Поврзани објави
КСРИ КУМАНОВО – ЕКИПЕН ШАМПИОН ВО ЛИГАТА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МАКЕДОНИЈА ЗА 2025 ГОДИНА
Седмо и осмо коло во лигата за пинг-понг за лица со инвалидност
МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ВО ПАРА ПИНГ ПОНГ НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР “ПОДГОРИЦА 2025”